S5 Corporate Response - шаблон joomla Книги
НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА

ГЛОБАЛВОРК

 

Одобрение бр. 08-4764/3 издадено од Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија. 

ЗАДОВОЛНИ РАБОТНИЦИ

 

 

Зголемете ја заработувачката со ГЛОБАЛВОРК. 

ПОНУДА ЗА РАБОТА

 

Голем избор на работа во многу земји..единствено со ГЛОБАЛВОРК.

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА

 

Често поставувани прашања:

 

·         Дали постојат ограничувања во однос на староста и полот на кандидатите при огласување на ново работно место?

 

Условите што треба кандидатот да ги исполни ги одредуваат исклучиво работодавaчите.

Честопати, тие поставуваат ограничувања за возраста на потенцијалните кандидати.

ГЛОБАЛВОРК не влијае на овие услови.

 

·         Дали е во склад со Законот, работодавачот да бара кандидатот со кратката биографија да приложи фотографија, датум на раѓање, пол, брачна состојба и сл?

 

Работодавачот има право да ги бара овие информации и да одлучува врз основа на истите кога тоа го бара природата на работата.

 

·         Дали ќе ми биде одобрен платен годишен одмор?

 

Да! Согласно Законот за работни односи на државата во која ќе работите.

 

·         Откако ќе потпишам договор со работодавачот на определен период, доколку сакам да ја напуштам таа работа и да прејдам на др раб. место, дали е тоа можно и под кои услови?

 

Таа одлука зависи од работодавачот и условите под кои сте го потпишале договорот. Досега, има такви случаи.

 

·         Дали ќе ми биде дозволено да не работам за време на нивни државни, или верски празници?

 

И тоа зависи од видот на работата за која ќе бидете примени и од условите под кои сте го потпишале договорот.

 

·         Дали писмено ќе бидам информиран во случај ако ме отпуштат од работа?

 

Воглавно да, но пред се’, тоа зависи од причините поради кои ќе ве отпуштат.

Доколку направите сериозен прекршок на работното место што ќе предизвика последици во компанијата каде работите, тогаш работодавачот има право веднаш да ве отпушти.

Исто се однесува и во случај, ако на било кој начин ги повредите законите на земјата каде работите.

Во случај на криминален престап, не само што ќе бидете веднаш отпуштени од работа, туку следи итна депортација од таа земја на ваш трошок.

Во случај ако не сте исполнителен, ако касните, ако неприкладно се однесувате со колегите, ако се карате,  или на било кој друг начин не одговарате на своите работни обврски, тогаш работодавачот прво ќе ве опомене (усно, или писмено), а доколку не го искорегирате својот пристап и однос кон работата, или колегите, тогаш работодавачот има право да ве отпушти, без да одговара никому за тоа.

 

·         Што ќе се случи ако сум жртва на лоши меѓучовечки односи на работа, кој ќе ме заштити?

 

Прво, обидете се да ја анализирате ситуацијата и секогаш прво преиспитајте се себе си и своите постапки.

Доколку тоа не е случај, прво обидете се да разговарате со колегата. Објаснете му што ви пречи во неговиот однос, оправдајте се доколку е потребно и замолете го да се корегира. Ако го изведете тој разговор на мирен и културен начин и аргументирано му ги изнесете своите забелешки, можеби тој ќе го промени својот однос кон вас. Во спротивно,  разговарајте со претпоставениот.

Но, ако и после тој разговор, ситуацијата не се промени, тогаш исто како и во нашата земја, постојат виши инстанци каде можете да се обратите во случај  на малтретирање, или на неисполнување на условите од договор од страна на работодавачот.

 

·         Што можам да сторам за да се заштитам од стрес на работното место?

 

На истата стресна ситуација, различни луге реагираат различно во зависност од нивниот праг на издржливост.

Но, тука никој од страна не може да ви помогне!

Вие сте тука тој кој самиот ќе си изнајде начин на заштита од стрес, на релаксација и како да го постигнете својот внатрешен спокој.

Некои луге се рекреираат, некои спортуваат, некои имаат свое хоби што ги опушта, некои се бават со јога, медитираат и сл.

Обидете се да го најдете својот начин на релаксација и опуштање во зависност од вашите афинитети, склоности, физички и духовни предиспозиции. 

 

·         Дали на вработувањето влијае евентуално криминално досие?

 

Да! Обврзани сте да обезбедите Потврда за неосудуваност.

 

·         Дали мора да сум здрав, психички и физички за да аплицирам во вашата агенција?

 

Да!

Откако ке ја поминете обуката и интервјуто, доколку бидете примени на ново работно место, обавезно ви следи систематски лекарски преглед - неопходен за работа во странство;

 

·         Дали има барања во однос на тежина, или висина?

 

Зависи од работното место за кое ќе аплицирате.

Некои работодавачи поставуваат ограничувања за возраст на кандидатите, одредена висина и тежина, други пак не.

 

·         Дали може да аплицирам за некоја работа доколку имам било каков телесен недостаток?

 

Тоа не е никаде стриктно наведено, но од наше досегашно искуство, сметаме дека е попаметно да не аплицирате.

 

·         Дали е обврзувачки да работиме во смени и за време на викенди?

 

Повторно, тоа зависи каде и што работите!

Немаат исто работно време, на пример келнер, продавач во бутик, масер, лекар, фризер и сл. Впрочем, како и секаде во светот.

 

·         Каква обука вие нудите?

 

ГЛОБАЛВОРК организира обука и дообука за работни позиции  во угостителството, туризмот и други услужни дејности.

Пред се’ќе ве подготвиме за интервју со потенцијалниот работодавач, како и за земјата и работата што ве очекуваат.

Ќе обрнеме вниемание на правила на однесување и обврски што мора да ги почитувате, како на работното место, така и пошироко - во земјата.

Ќе ве подучиме на деловната пракса, за начинот на живот и обичаите во странската земја.

Ќе се обидеме да ве подготвиме за среќавање со нова култура.

 

·         Што да правам, доколку ми треба помош во пополнување на апликацијата и CV?

 

Затоа сме ние тука, да ви помогнеме и за вас да ја пополниме апликацијата и CV, на начин однапред одреден од работодавачите, според критериумите на соодветната земја.

 

·         Откако ќе ја пополнам мојата апликација, што се случува понатаму?

 

Влегувате во нашата база на податоци. Доколку добиеме барање за работник што одговара на вашиот профил, откако вие ќе ја прифатите понудената работна позиција, ние ве предлагаме на работодавачот како потенцијален работник.

Следи обука, интервју итн.

 

·         Дали моето интервју значи автоматски дека сум примен на работното место?

 

Не, тоа зависи исклучиво од одлуката на работодавачот, односно лицето што ќе ве интервјуира.

Затоа обврзувачки дел на нашата обука е да ве подготвиме што подобро за интервјуто што ве очекува.

 

·         Дали вашата агенција ми гарантира дека на крај ќе ме вработи?

 

Нашата Агенција НЕ ГАРАНТИРА дека ќе ве вработи во догледно време, но гарантираме дека ќе ве нудиме на повеќе работни позиции

 

Вашата вредност е во вашиот потенцијал, а не во вашето потекло или минато."

 

globalwork mk