S5 Corporate Response - шаблон joomla Книги
ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА

ГЛОБАЛВОРК

 

Одобрение бр. 08-4764/3 издадено од Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија. 

ЗАДОВОЛНИ РАБОТНИЦИ

 

 

Зголемете ја заработувачката со ГЛОБАЛВОРК. 

ПОНУДА ЗА РАБОТА

 

Голем избор на работа во многу земји..единствено со ГЛОБАЛВОРК.

ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА

 

Преквалификација – зошто да не?

 

Преквалификацијата претставува стекнување на нови знаења и вештини за ново занимање. Во таа смисла, преквалификацијата подразбира одредено временско и лично вложување, ново учење, а некогаш и нов професионален идентитет.

 

Преквалификацијата денес има посебно значење и важност со оглед на динамиката на пазарот на труд и забрзаниот технолошко-технички развој.

 

За лицето кое размислува за преквалификација, таа може да претставува животна пресвртница и нов почеток.

 

Освен нов професионален идентитет, преквалификацијата може да значи и ново вработување, повисок квалитет на животот, нов круг на пријатели и соработници, нова земја, нов стил на живеење.

 

Стекнувањето на нови знаења и вештини и оспособување за новото занимање може да се реализира по формален или неформален пат.

 

Формалната преквалификација може да вклучи дошколување во новата професионална област, запишување на нови факултети или курсеви за кои се добива сертификат или диплома за званична стручна оспособеност и слично.

 

Неформалната преквалификација подразбира: самоучење, учење по модел (на пр: учење, занает од пракса со искусен мајстор), обуки и курсеви на кои се врши професионално оспособување.

 

Вашата вредност е во вашиот потенцијал, а не во вашето потекло или минато."

 

globalwork mk