S5 Corporate Response - шаблон joomla Книги
БАХРЕИН

ГЛОБАЛВОРК

 

Одобрение бр. 08-4764/3 издадено од Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија. 

ЗАДОВОЛНИ РАБОТНИЦИ

 

 

Зголемете ја заработувачката со ГЛОБАЛВОРК. 

ПОНУДА ЗА РАБОТА

 

Голем избор на работа во многу земји..единствено со ГЛОБАЛВОРК.

БАХРЕИН

 

Бахреин значи две мориња – некогаш бил сметан за рајски остров од древните Сумерци. Тие ги носеле таму нивните мудри и храбри луѓе за да уживаат во “вечниот живот”.

 

Таа беше една од првите земји околу Персискиот залив каде беше откриена нафта. Земјата се здоби со богатство од продажба на нафта пред повеќето други блискоисточни земји.

Бахреин никогаш не го достигна нивото на произвотство на нафта како Кувајт и Саудиска Арабија и беше приморан да ја развива својата економија во повеќе правци.

 

Уште од 1783 г, земјата беше предводена од семејството Калифа. До 1971 г кога Бахреин се здоби со независност, земјата беше британски протекторат.

Од прогласувуњето на независност, Бахреин воспостави тесни врски со САД и оттогаш во нејзините води е укотвена Петтата Морнаричка Флота на САД.

 

До 2001 Бахреин беше емират на чело со емир, а оттогаш земјата е кралство,

конститутивна монархија на чело со крал од семејството Калифа со легално избрано Собрание и независно судство.

 

Владејачкото семејство е од редовите на Суни муслимани и тие ги држат главните политички и војни позиции во земјата.

Постои долга тензија мегу Суните и мнозинството Шиа муслимани.

Мнозинството бараат повеќе права од владата предводена од Суни муслимани. Владата ги задуши про-демократските протести во 2011 г, но истите продолжија и во 2012 г.

 

Со години во земјата се зголеми слободата на изразување и странските монитори велат дека човечките слободи се зголемени.

 

И покрај задушување на протестите, отпорот на Шиа муслиманите продолжи со спорадични анти- владини протести. Контраверзната одлука на владата да биде домаќин на Формула 1 Гранд При во април 2012 предизвика незадоволство кај мнозинството население.

 

Вашата вредност е во вашиот потенцијал, а не во вашето потекло или минато."

 

globalwork mk