S5 Corporate Response - шаблон joomla Книги
КАТАР

ГЛОБАЛВОРК

 

Одобрение бр. 08-4764/3 издадено од Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија. 

ЗАДОВОЛНИ РАБОТНИЦИ

 

 

Зголемете ја заработувачката со ГЛОБАЛВОРК. 

ПОНУДА ЗА РАБОТА

 

Голем избор на работа во многу земји..единствено со ГЛОБАЛВОРК.

КАТАР

 

Катар е независен емират, има 534.000 жители, се простира на 11.400 км2.

 

Го зазема малиот Катарски полуостров на североисточниот дел на многу поголемиот Арапски полуостров во Персискиот залив и се граничи со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

 

Главен град е Доха.

 

Економијата на Катар се базира врз производство на нафта и природен гас. На тие производи отпаѓа 70% од извозот.

Девизниот прилив од нафта и гас е искористен за да се развие разновидна економија, вклучувајки го развојот на хемиската, челичната, цементната индустријакако и банкарството.

 

Бидејки Катарците сочинуваат малцинство од населението (околу 20%), остатокот се дојденци/ работници од другите Арапски земји, од Пакистан, Индија, Иран, Филипини, Непал, Шри Ланка... 

 

Во последнава година се забележува прилив на работна сила од Источна Европа, меѓу останатото и од Македонија.

 

Официјален јазик е Арапски, но Англискиот е многу застапен, исто така.

 

Земјата е апсолутна монархија.

 

Сегашниот емир, Шеикот Хамад бин Калифа ал- Тани, дојде на власт во 1995г., превземајќи ја власта по мирен пат од неговиот татко.

Шеикот успешно ја демократизира националната влада и на институционални избори во 2003г, жените добија право на глас  и право да основаат свои бизниси.

 

Новиот демократски устав на Катар бесе одобрен во 2004 г, а стапи на сила во 2005 г.

 

Катар има највисок БДП по глава на жител во светот и докажани големи  резерви на нафта и природен гас.

 

Катар е меѓу најбогатите држави во светот (според Форбс), додека неговата економија има најбрз развој во светот.

 

 

Вашата вредност е во вашиот потенцијал, а не во вашето потекло или минато."

 

globalwork mk